Услови за користење

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
 
Политики за користење на системот за електронска трговија.
 
Со самиот пристап на интернет страницата на extrabis.mk и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
 
extrabis.mk ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
 
extrabis.mk го задржува правото на промена на цените и на можна грешка во нивното истакнување. Во случај на грешна цена, немање на залиха или оштетен производ кој не може да се испорача стоиме целосно позади истото и парите на купувачот ќе бидат рефундирани во целост во најкраток можен рок. 
 
1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
 
extrabis.mk ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. extrabis.mk не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
 
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
 
extrabis.mk ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. extrabis.mk за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.
 
3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ
 
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Тотал Пост Логистик Скопје и/или Карго Експрес на адресата која е наведена во порачката.
 
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка или банкарски преку трансакциона сметка.
 
Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката и се на терет на потрошувачот освен за испорака над одредена вредност кога испораката е бесплатна.
 
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.
 
4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
 
extrabis.mk не врши поврат на средствата на купувачот, секоја продажба е финална.
 
5. ПОЛИТИКА ЗА ЗАМЕНА
 
extrabis.mk во случај на потреба за замена на одреден производ, ќе дозволи замена на истиот на трошок на купувачот. Доколку купувачот побарува големина или боја која не е достапна во моментот, истата ќе биде дополнително нарачана од производителот и доставена во најкраток можен рок на купувачот. 

  • 02/252 00 03
  • 070807332
  • mk@extrabis.com

Extrabis

Ехтрабис © 2022. UKION SHOPS